Поврзете се со нас

Конференциска лига

Мурињо со победа на првиот официјален натпревар како тренер на Рома (Видео)

Објавено

на

Жозе Мурињо славеше победа на првиот официјален натпревар како тренер на Рома откако неговиот тим со 2:1 славеше на гостувањето кај Трабзонспор во натпревар од плеј-офот од квалификациите за пласман во Конференциската лига на УЕФА.

Во еден израмнет натпревар нешто повеќе шанси имаше домашниот тим, меѓутоа на крајот победата ја однесе Рома која со головите на Лоренцо Пелегрини и новото засилување, Шомуродов со предност ќе се врати во Италија.

Единствениот погодк за домашниот тим беше дело на Андреас Корнелиус кој погоди во 64. минута за во тој момент израмнување на резултатот на 1:1.

Од останатите натпревари од плеј-офот за Конференциската лига за издвојување е и настапот на македонскиот интернационалец Енис Фазлагиќ кој со својата Жилина претрпе потоп од Јаблонец кој славеше со 5:1.

Вториот македонски фудбалер кој беше дел од некој од натпреварите е Дарко Велковски кој сепак не доби шанса на натпреварот против ПАОК кој заврши без победник, 1:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни