Поврзете се со нас

Англија

Мурињо со лекција за Англичаните: Сите го изговараат моето име погрешно (Видео)

Објавено

на

Жозе Мурињо е еден од менаџерите кои знаат да направат вест и во ситуација кога нема никакви актуелности во фудбалот, а иако тоа обично е така кога ќе даде провокативна изјава за противниците, сега неговиот актуелен клуб се погрижи за тоа со едно интересно видео.

Тотенхем го најави својот документарец за сезоната кој го продуцира „Амазон“, а сега во една од најавите за истиот, потенциран е еден извадок од тренинзите во кои главниот збор го има Жозе.

Јафет Танганга е млад фудбалер на Тотенхем кој оваа сезоан беше дел од првиот тим, па во обидот да ги запознае своите фудбалери, Жозе сакал да знае како точно се изговараат имињата.

Тоа е така поради фактот што Португалецот доста често знае да наиде на погрешно изговарање и транскрипција на неговото име, па наместо Жозе, новинарите го нарекуваат Хозе.

– Мразам да го изговарам името на другите погрешно. Сите погрешно го изговараат моето име. Сите ме викаат Хозе. Јас не сум Хозе, јас сум Жозе…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни