Мурињо: Сити е премногу добар за да плаче…

zoze

Дербито во Премиер лигата меѓу Ливерпул и Манчестер Сити заврши со победа на „црвените“ со 3-1 со што ја потврдија првата позиција и ја зголемија предноста пред најголемиот ривал за титулата иако во моментов Лестер и Челси се пред „граѓаните“ на прволигашката табела.

Меѓутоа дуелот на „Енфилд Роуд“ донесе контроверзи и спорни ситуации кои се случија во казнениот простор на домаќинот, два пати со рака играше Трент Александер-Арнолд, меѓутоа арбитрите на чело со Мајкл Оливер не се одлучија да досудат удари од 11 метри.

Нормално најнезадоволни поради ова беа во таборот на Сити, ама имаше и други реакции од доста познати реномирани имиња. Ама без разлика на се тоа што се случи во Ливерпул е веќе минато и не може да се смени, па Жозе Мурињо испрати порака до Пеп Гвардиола и неговиот тим.

-Овој тим на Манчестер Сити е премногу добар за да плаче една недела за инцидент. Треба да се концентрираат на играта и на она што можеа подобро да го направат. Секојпат кога играв против Ливерпул, со не толку добри тимови, се грижев за растојанијата меѓу моите четворица дефанзивци. Фирмино меѓу линиите и Салах и Мане кои ги окупираа празнините. Вака Ливерпул даде два гола, можеа да се избегнат, -истакна Жозе за „Скај Спортс“.

Facebook Коментари