Лига на шампиони
Мурињо си подготвува алиби: Никој не го побара тоа од мене..
Жозе Мурињо го прифати предизвикот да го води Фенербахче и многу рано се соочи со тешки натпрвари, бидејќи турскиот великан во третата квалификациска рунда за Лигата на шампионите наиде на Лил.
Фенербахче загуби на гостувањето во Франција со 2:1 и реваншот го стартува со негатива, па иако очекувањата во Турција за овој меч се големи, Мурињо во свој стил се обиде да го симне товарот од себе, но и одо своите играчи.
Португалецот вели дека никој во клубот не ја посочил Лигата на шампионите како натпрреварување во кое задолжително мора да се игра, особено ако се знае дека Фенербахче не бил дел од групната фаза цели 15 години.
Дури и да победи денеска против Лил, Фенербахче ќе мора да мине и низ бараж за влез во групната фаза, па овој пат изгледа навистина тежок за Мурињо и неговата чета во овој момент.
– Клубот никогаш не побара од мене да играме во Лигата на шампионите по секоја цена. Никој не ми кажа дека тоа е задолжително. Се е можно во фудбалот, но јас не верувам баш во чуда. Поверно е да имаме шанси да ја освоиме Лигата на Европа, а не Лигата на шампионите. Ако ме прашате што сакам да играме, тогаш сигурно ќе кажам Лига на шампиони, – гласи изјавата на Мурињо.
-
Балканпред 19 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 18 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 20 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 18 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Шпанијапред 16 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Англијапред 13 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
АТПпред 15 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Англијапред 15 часа
Мареска објасни што очекува од Санчо по трансферот од Јунајтед