Поврзете се со нас

Балкан

Мурињо си обезбедил атрактивна плата за ангажманот во Фенербахче

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Fenerbahce

Жозе Мурињо по долго време нема да работи во клуб од најсилните пет европски лиги, но затоа добро ќе профитира од соработката со Фенербахче.

Португалецот останува атрактивно име во тренерската фела, па затоа и турскиот клуб реши да го ангажира во обидот да се врати на тронот во домашното првенство.

Она што дополнително објаснува зошто Мурињо го прифатил овој предизвик е и платата која ќе ја добива во Истанбул, а таа изнесува фантастични 10,5 милиони по сезона.

Фенербахче морал да испрати информација до берзата за трошоците поврзани од овој договор, па на тој начин и медиумите стигнаа до сумата, за која не постои објаснување дали подразбира и дополнителни бонуси.

„Жолто-сините“ немаат титула од 2014 година и посакуваат да го прекинат постот под водство на Мурињо, додека паралелно ќе играат три квалификациски рунди во обид да се најдат во групната фаза на Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни