Поврзете се со нас

Лига Европа

Мурињо: Сега Јунајтед е фаворит за титулата во ЛЕ

Објавено

на

Предводникот на Тотенхем, Жозе Мурињо даде свој коментар за елиминацијата на Манчестер Јунајтед од Лигата на шампионите.

Клубот од „Олд Трафорд“ загуби од РБ Лајпциг со 3-2 и со тоа го заврши настапот во елитното натпреварувања, поточно ќе мора да се задоволи само со настап во нокаут фазата на Лига Европа со оглед на тоа што го освои третото место во групата Х.

Мурињо смета дека сега „црвените ѓаволи“ ќе бидат фаворити за пехарот во ЛЕ, натпреварување во кое како што е познато настапува и неговиот Тотенхем.

-Манчестер Јунајтед стана еден од најголемите фаворити за триумф во ова натпреварување. Екипите што испаѓаат од ЛШ се силни и нормално не припаѓаат на нивото од Лигата на Европа. Јунајтед е еден од најдобрите тимови. Групата беше многу тешка со ПСЖ и Лајпциг. Знаевме дека нема да биде лесно за никој од нив, -рече португалскиот стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни