Мурињо се струполи пред да влезе на „Вембли“, па доби помош од еден редар (Видео)

joze-grimasa

Жозе Мурињо во неколку наврати се најде во прв план на вчерашниот меч меѓу Англија и Шпанија кој се одигра во рамките на Лигата на нации, но сепак, сите негови реакции кои ги улови главната камера западнаа во втор план поради едно урнебесно видео кое се појави на социјалните мрежи.

Истото ни доаѓа од моментите пред воопшто да започе мечот, бидејќи Мурињо имал едно навистина необично и несекојдневно влегување на легендарниот стадион „Вембли“. Португалскиот стручњак се обиде да ја прескокне лентата која беше поставена пред стадионот, но некако успеа да се сплетка и се струполи на земјата.

Еден од редарите пријде и брзо му помогна на Мурињо, кој облеан во смеа си фати сам сеир за комичниот момент кој сега стана вирален хит на интернет.

Facebook Коментари