Мурињо се огласи за евентуалните нови засилувања: Нема да носиме..

jose-mourinho

Жозе Мурињо се соочува со големи проблеми во составот во пресрет на вториот дел на сезоната во англиската Премиер лига.

Тотенхем остана без Хари Кејн кој поради повреда ќе отсуствува најмалку три месеци, а во составот наскоро ќе го нема и Кристијан Ериксен кој е пред трансфер во Интер.

Токму затоа, Мурињо беше запрашан дали ќе носи нови засилувања во Лондон во јануарскиот преоден рок, на што Португалецот даде поопширен одговор.

– Ако правиш нешто треба да направиш и да биде добро за иднината на клубот, не само за утре. Нема да зборувам за други играчи од други клубови, за работите кои може да се случат или нема да се случат затоа што јас не сум таков, а и Тотенхем не функционира на таков начин. Ние се обидуваме да воочиме дали ќе излезе некоја можност, во спротивно нема да носиме избрзани трансфери, -заклучи Мурињо.

Facebook Коментари