Италија
Мурињо се јави за својата иднина: Убеден сум дека ќе работам таму

ИТалијанските медиуми шпекулираат за иднината на Жозе Мурињо и прогнозираат дека може да заработи отказ доколку не победи против Калјари, но во моменти кога клубот го демантираше тоа, самиот Португалец се јави со една интересна изјава за својата иднина.
Тренерот на „волчицата“ има план да ја доработи оваа сезона во Рим и да стави крај на етапата кога ќе му заврши договорот во месец јуни наредната година, по што интересно е да се види дали ќе добие примамлива понуда од Европа, или ќе се вклучи во трендот кој е актуелен веќе една година.
Мурињо откри дека изминатово лето ја одбил најлудата понуда која може да ја добие еден тренер, но и самиот е свесен дека еден ден ќе заврши во Саудиска Арабија, земја во која фудбалот добива страшен подем.
– Ќе одам во Саудиска Арабија во моментот кога ќе имам повеќе слободно време, но убеден сум дека ќе работам таму. Не знам кога точно, но убеден сум дека ќе работам во Саудиска Арабија.
– Никој не може да ја предвиди иднината, но прилично сум сигурен дека ќе завршам таму еден ден, – изјави Жозе.
-
Италијапред 23 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 21 час
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Балканпред 24 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Светпред 8 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Европски куповипред 23 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
Англијапред 13 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Светпред 22 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
АТПпред 14 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…