Поврзете се со нас

Италија

Мурињо сакал играч на Манчестер Јунајтед како прво засилување во Рома

Објавено

на

Новиот менаџер на Рома, Жозе Мурињо наводно доставил листа со потенцијални засилувања до управата на „волчицата“.

Како што пишува „SportItalia“, Мурињо прв на листата трансфер желби го ставил фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ кој оваа сезона има лимитирана минутажа на „Олд Трафорд“.

Од Рома му излегле во пресрет на Мурињо и веќе стапиле во контакт со челниците на Јунајтед кои сега треба да ја одредат цената за искусниот српски фудбалер кој има договор со „ѓаволите“ до 2023 година.

Жозе Мурињо соработуваше со Немања Матиќ во Манчестер Јунајтед, но и во Челси и има одлични односи со фудбалерот од средниот ред кого сакаше да го донесе и во Тотенхем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни