Мурињо сака да ја „зграби“ отпишаната ѕвезда на Конте

Sport

Италијанските медиуми пред извесно време пренесоа дека Антонио Конте донел една изненадувачка одлука за наредната натпреварувачка сезона, а со која искусниот Диего Годин повеќе нема да има место во неговиот тим, без оглед на тоа што беше ангажиран изминатово лето на слободен трансфер.

Според пишувањата на Италијаните, искусниот Годин не го задоволил вкусот на Конте и тоа може да се заклучи и од последните постави кои ги имаше стручњакот, па сега повеќе од веројатно е дека легендарниот стопер на Атлетико ќе направи нов трансфер претстојново лето.

Примамливи понуди во секој случај нема да му недостастуваат на Годин и покрај тоа што веќе има 34 години, но според најавите на „Мирор“, прв на листата во овој момент е Жозе Мурињо кој сака да ја зграби шансата и да ја договори отпишаната ѕвезда на Конте. Мурињо сигурно ќе направи ремонот во Тотенхем ова лето откако тимот бележи сезона за заборав, но уште појасно е дека на Жозе ќе му биде потребен искусен и квалитетен стопер бидејќи Јан Вертоген навести дека ќе стави крај на својата одлична етапа во Северен Лондон.

Во секој случај, Тотенхем ќе биде навистина примамлива опција за Годин, кој не само што ќе може да остане во елитата и да игра врвен фудбал, туку тоа ќе претставува шанса да се испроба и во Премиер лигата која важи за најсилна во овој момент.

Facebook Коментари