Поврзете се со нас

Италија

Мурињо сака да ја зголеми балканската колонија во Фенербахче со отпишан играч на Јувентус

Објавено

на

Foto:x.com/Fenerbahce

Тиаго Мота стави голем број играчи на трансфер листата и Јувентус успеа да се ослободи од добар дел од „прецртаните“, но во раната фаза на месец септември сепак се уште се зборува за трансфер на Филип Костиќ.

Српскиот репрезентативец се најде на „црната листа“ и остана без својот број „11“ во првиот тим, па во ситуација кога е целосно непланиран од Мота за новата сезона, најдобра опција за него ќе биде да ја прифати понудата која ја има на маса од Турција.

Летниот трансфер период во Турција трае до 13-ти септември, па во оваа завршница се најавува сериозен атак од Жозе Мурињо и одговорните луѓе на Фенербахче.

Како што јавуваат италијанските медиуми, „специјалниот“ е цврсто решен да ја зголеми својата балканска колонија во Фенербахче, бидејќи на Костиќ гледа како играч кој може многу да придонесе во офанзивниот дел.

Мурињо во овој момент ги има Душан Тадиќ, Един Џеко и Доминик Ливаковиќ во својот тим, но целта му е да донесе и четврти Балканец во неговиот тим во преостанатите пет дена.

Според информациите, Фенербахче доставил понуда според која бара позајмица и опција за откуп на крајот од сезоната, па ако не излезе нешто непредвидено, Костиќ би требало да го комплетира трансферот во турскиот фудбал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни