Мурињо со прво ветување и истакна во што Тотенхем е број еден во светот

Murinjo-trening

Жозе Мурињо се враќа на фудбалската сцена како менаџер на Тотенхем, а откако стана јасно дека повторно ќе работи во Премиер лигата, денеска го даде и првото ветување како предводник на лондонскиот клуб.

– Не можам да бидам посреќен. Ако не бев среќен, немаше да бидам тука.

– Што можам да ветам? Страст, за мојата работа, но и за клубот. Привилегија е кога менаџер оди во некој клуб и ја чувствува среќата поради односот кој ќе го има со играчите.

– Во однос на Тотенхем, не можам да кажам зборови кои не сум рекол досега кога оваа екипа ми била противник. Да играш против Тотенхем на „Вајт Харт Лејн“ секогаш беше тешко, но убаво. Тоа е едно од местата каде одиш со страст, но и со респект, – вели Мурињо.

– Ако кажеме дека имаме убав стадион сме прескромни. Јас би рекол го имаме најубавиот стадион во светот, а тренинг центарот е најдобар во Европа, на исто ниво се можеби само некои тренинг центри на американските клубови. Не може ни да се спореди со она што го има во Англија. Сето ова треба да не прави горди, а исто така и условите за работа се фантастични, – потенцирал новиот менаџер на Тотенхем.

Facebook Коментари