Мурињо со први два ангажмани од Лил си го состави стручниот штаб во Тотенхем (Фото)

joze-totenhem

Жозе Мурињо ова утро и официјално беше потврден како нов менаџер на Тотенхем, со што експресно го наследи отпуштениот Маурисио Покетино со кого имаше навистина одличен однос во изминатите неколку сезони.

Португалскиот стручњак после една година си пронајде ангажман и се врати во англискиот фудбал, но со оглед на тоа што станува збор за комплетно нова средина, Жозе се одлучи да состави и комплетно нов стручен штаб. Мурињо се реши да не ангажира ниту еден од неговите досегашни блиски помошници, па така го принуди Тотенхем да реагира многу брзо со два ангажмани од Лил.

Мурињо одлучи негови најблиски соработници да бидат досегашните членови на стручниот штаб на Лил, а во случајот станува збор за Нуно Сантош и Жоао Сакраменто. Секако, во случајот станува збор за Португалци со кои Жозе е во постојан контакт, а Лил не правеше проблеми околу преговорите и веднаш преку социјалните мрежи соопшти дека двајцата фудбалски работници се веќе членови на Тотенхем.

Facebook Коментари