Поврзете се со нас

Лига Европа

Мурињо провоцира во негов стил: Неуспешните ајкули од ЛШ ќе дојдат во ЛЕ, ќе биде забавно!

Објавено

на

Жозе Мурињо е познат како тренер без влакна на јазикот, па како треба и кога не треба знае да испрати отровна стрела, провокација до одредени клубови, поединци и токму тоа го направи по вчерашниот меч меѓу неговата Рома и Бетис кој заврши без победник во Лига Европа (1-1).

Португалецот е побрз од ВАР: Мурињо виде дека голот е регуларен, па предвреме почна да слави (ВИДЕО)

„Волчицата“ со 4 бода е на 3 место во групата Ц што во овој момент значи дека ќе падне едно ниво подолу и ќе игра во Конференциската лига. Меѓутоа има уште две рунда да се избори за место во нокаут рундата на ЛЕ, но во исто време може и да остане без ништо затоа што блиску до калчолгашот е ХЈК Хелсинки.

-Сакаме да поминеме и да завршиме втори, но ако завршиме на третото место, ќе станеме кандидати за освојување на пехарот во Конференциската лига, -истакна Мурињо кој потоа испрати провокација до екипи како Барселона, Јувентус, Севилја, Атлетико Мадрид…кои можат да испаднат од ЛШ и како третопласирани да продолжат во нокаут фазата на ЛЕ.

-Го гледам Бетис како кандидат за титулата, ама неуспешните ајкули од ЛШ ќе пристигнат и ќе биде тешко. Ќе биде забавно.

-Неуспешните ајкули од ЛШ ќе пристигнат во Лига Европа. Тоа не треба да се случува, ама тоа е реалноста. е биде интересно, -порача Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни