Мурињо продолжи со самоодбрана за елиминацијата од Севилја, овојпат со специјален аргумент за неговото време во Реал!

joze-crno

Жозе Мурињо продолжи со самооодбрана за болната елиминација од Севилја и во денешното обраќање пред англиските новинари, со тоа што за разлика од вторникот, денеска даде еден сосема друг пример за времето кое тој го мина во Реал Мадрид.

Мурињо по елиминацијата од Севилја посочи дека оваа ситуација не е никаква новост за Манчестер Јунајтед и потсети дека тој самиот го победил овој тим во два наврати во Лигата на шампионите (како тренер на Порто и Реал Мадрид), а обидувајќи се да даде докази дека ги подобрил резултатите во сите тимови кои ги водел, Жозе издвои и еден специјален податок за Реал Мадрид кој го искористи како аргумент за своја самоодбрана.

– Кога јас пристигнав во Реал Мадрид, знаете ли колку играчи имаа стигнато до четвртфиналето во Лигата на шампионите? Само Чаби Алонсо со Ливерпул, Касилјас со Реал и Кристијано со Јунајтед. Ниту еден друг, а потоа направивме прогрес. Тоа е фудбалско наследство. Ако ја погледнеме Премиер лигата, последната титула на Јунајтед е во 2013 година и во следните четири беше четврт, петти, шести и седми. Значи дека во последните четири години најдобро место било четвртото. И ова е фудбалско наследство. Има фудбалско наследство и во Лигата на шампионите. Јунајтед играше во финалето во 2011 година, потоа во 2012 година беше елиминиран во групната фаза. Во 2013 година беше елиминиран на „Олд Трафорд“ и јас бев противник на другата клупа. Во 2015 година не се натпреваруваше тимот во Европа. Во 2016 година се врати во Лигата на шампионите и беше елиминиран во групите. Потоа ја освоивме Лига Европа и се вративме во Лигата на шампионите. Во 2018 година, бевме најдобри во групата и загубивме во осминафиналето. Шест години, четири различни тренери, еднаш бев влез во Европа и најдобар дострел е четвртфинале. И ова е фудбалско наследство, – во свој стил порачува Мурињо.

Facebook Коментари