Мурињо: Примивме „невозможен“ гол

mourinho-1

Жозе Мурињо претрпе пораз со Тотенхем на своето прво враќање на „Олд Трафорд“ откако доби отказ од Манчестер Јунајтед, а по натпреварот истакна дека неговиот тим направил голема грешка на почетокот на вториот дел.

– Го започнавме второто полувреме со гол кој е невозможно да го примиме. Заспавме на аутот и му дозволивме на Рашфорд да нападне, штом влезе во шеснаесетникот, мудро чекаше контакт. Во првото полувреме тие беа подобри и поагресивни, до периодот кога почнавме да ја контролираме играта, заслужија и поголема предност.

– Ова е чекор назад за нас, бидејќи е пораз од екипа која има исти амбиции како нас, тоа е пласманот во Топ 6. Направивме многу грешки, но сега не треба да плачеме, не очекува нов важен натпревар, – изјавил Мурињо.

Facebook Коментари