Поврзете се со нас

Англија

Мурињо предвиде како ќе изгледа необичниот летен преоден рок

Објавено

на

Жозе Мурињо е пресреќен што тој заедно со неговите играчи се врати на тренинзите во исчекување на официјалниот датум за рестарт на Премиер лигата, но додека Португалецот во моментов е загрижен само за безбедно враќање на терените, медиумите одат неколку чекори понапред и му поставија прашање за трансфер пазарот.

Во интервјуто кое го имаше за „Скај Спортс“, Мурињо одговори со контра-прашање на прашање, но исто така даде и свое мислење за тоа како ќе изгледа наредниот летен преоден рок кој дефинитивно ќе биде необичен.

– Да бидам искрен, на ова прашање ми доаѓа да поставам прашање. Кога ќе биде трансфер пазарот? Сигурно нема да биде во јули и август што е нормално. Ќе биде после тоа, сигурен сум во такво сценарио, – изјави Жозе.

– Ако ме прашувате мене лично и мојот клуб, знам што ќе се случи. Ќе бидеме мирни, избалансирани и нема да трошиме реки од пари. Ќе ја почитуваме оваа вонредна ситуација. Ова не го погоди само фудбалот, туку цело општество.

– Од друга страна, не верувам дека воопшто фудбалскиот свет ќе биде подготвен за луди цифри, за луди бројки на кои навикнавме во последно време. Верувам дека и клубовите кои се навикнаа да го прават тоа, нема да се дрзнат на таков чекор, – заврши менаџерот на Тотенхем.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни