Свет
Мурињо предизвика земјотрес во Турција со бомбастична изјава, Галатасарај ќе покрене кривична пријава!

Жестоките поплаки на Жозе Мурињо за судискиот систем во Турција ја натера Федерацијата во оваа земја да ангажира странски судија за големото дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче, па така вчера главен арбитар на пресметката во Истанбул беше Славко Винчиќ.
Словенецот одлично си ја заврши работата во дербито кое заврши без голови (0:0), па иако натпреварот не понуди никакви спорни моменти за да се даваат контроверзни изјави, Мурињо сепак се погрижи со еден невнимателен речник да предизвика вистинска бура во Турција.
– Натпреварот беше добар само поради тоа што имаше добар судија. Главниот судија е одговорен за добриот и коректен меч, бидејќи Галатасарај се обиде да изнуди жолт картон за 18-годишно момче уште во 20-та секунда. Тие се многу силни во вакви стратешки ситуации, ако имаше турски судија, Јусуф сигурно ќе заработеше жолт картон уште на стартот.
– При оваа ситуација која сега ја коментирам, сите играчи на Галатасарај скокаа како мајмуни за да има опомена во првата минута. Изданието на судијата беше првокласно, па затоа по крајот на мечот влегов во неговата соба и му честитав за натпреварот, – гласи изјавата на Мурињо, кој наиде на голема осуда од Галатасарај.
Користењето на терминот „мајмуни“ е означен како расистички коментар од страна на актуелниот лидер во турската Суперлига, па Галатасарај најави дека ќе покрене кривична пријава против Португалецот за ширење омраза и расизам.
– Откако ја презеде тренерската функција во Фенербахче, Жозе Мурињо постојано дава погрдни изјави за турскиот народ. Денес, неговиот говор со обични неморални коментари содржи во себе нечовечка реторика.
– Со оваа објава, официјално соопштуваме дека имаме намера да покренеме кривична постапка за расистичките изјави дадени од Жозе Мурињо и соодветно ќе поднесеме официјални жалби до УЕФА и ФИФА. Дополнително, внимателно ќе го набљудуваме ставот што го усвои Фенербахче, институција која тврди дека ги брани „примерните морални вредности“, што всушност беше одговор за недоличното однесување на нивниот тренер, – гласи објавата на Галатасарај.
#SayNoToRacism ❗️ https://t.co/IiyB1AqAQD
— Galatasaray SK (@GalatasaraySK) February 24, 2025
-
Свет14 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија9 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Италија15 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Шпанија15 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Италија24 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Шпанија23 часа
Барселона со пеколен пресврт го сруши Атлетико на „Метрополитано“ (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)