Поврзете се со нас

Свет

Мурињо предизвика фудбалско лудило во Истанбул, навивачите на Фенербахче добија уникатна порака од Жозе (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Fenerbahce

Жозе Мурињо вчера имаше работни задачи на „Вембли“ како дел од големиот фудбалски спектакл во Лигата на шампионите, но еден ден подоцна, Португалецот е топ тема во Истанбул.

Мурињо предизвика фудбалска треска во Турција и неговото пристигнување во оваа земја донесе неверојатни реакции, кои сега можеа да ги видат и останатите фанови ширум светот.

Повеќе од 250 илјади фанови го гледале во живо линкот на „јутјуб“ од промоцијата на Мурињо, а во оваа бројка не се вклучени оние кои биле блиску до стадинот, или на стадионот, како и гледачите кои ја следеле презентацијата преку турските телевизии.

Жозе-манијата во Истанбул брзо стана вирален хит на социјалните мрежи и сцените кои пристигнуваат од турската престолнина се навистина импресивни, нешто што доволно говори каква голема фудбалска ѕвезда донесе Фенербахче во своите редови.

Во своето обраќање, Мурињо нагласи дека доаѓа да го промовира и да му помогне на турскиот фудбал, но на прво место го става Фенербахче, на чии фанови им порача дека нивните соништа сега се и неговите соништа.

За да преизвика уште поголема еуфорија, Жозе во еден момент им порача на фановите дека дресот на Фенербахче сега се претворил во негова кожа која цврсто ќе ја брани на секој меч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни