Поврзете се со нас

Англија

Мурињо повторно со критики до Лук Шо: Драматично лош

Објавено

на

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се најде на удар на јавноста откако Лук Шо зад себе остави извонредна сезона, а тој прерано го отпиша од таборот на „ѓаволите“.

Португалецот мораше и да се правда зошто не сметал дека Шо ќе успее да се наметне на високо ниво, а сега дочека еден послаб натпревар на левиот бек на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец и веданш упати критики кон него.

Мурињо смета дека Шо одиграл драматично лошо на натпреварот против Чешка, посебно при нападите од аголот за селекцијата на Англија и затоа упати критики на негова адреса во интервјуто за „ТокСпорт“.

– Негативната страна кај Англија е што уште еднаш беа многу очајни при офанзивните корнери. Беа драматично лоши. Имаат многу добри играчи кои ќе може да напаѓаат по страните, но центаршутите не го минуваа првиот човек. Лук Шо, според мене, беше добар на натпреварот, но ужасен во аголот. Филипс исто. Англија има голема моќ и може да оди далеку, но еден корнер може да го реши натпреварот, -изјави Мурињo.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни