Мурињо потврди дека му ја одземал капитенската лента на Погба: Има само една вистина околу таа приказна!

joze-derbi

Жозе Мурињо е разочаран што неговиот тим не го „затвори“ мечот со Дерби Каунти во ситуација кога беа многу подобри на теренот, додавајќи дека играњето со играч помалку и завршницата со пенал рулет не биле воопшто дел од неговите планови при подготовките за мечот од третото коло во Карабао купот.

На крајот, португалскиот стручњак мораше да се соочи со уште еден тежок удар, само неколку часа откако беше пренесено дека имал нова епизода од „војната“ со Пол Погба. Угледните англиски таблоиди пренесоа дека Мурињо му ја одземал капитенската лента на Французинот, а менаџерот на Јунајтед го потврди тоа по изненадувачката елиминација од Дерби Каунти со кратка порака.

– Немаше никаква драма, единствената вистина е тоа дека јас одлучив Пол да не биде втор капитен на тимот во продолжение од сезоната. Немаше ништо друго, – порачал Мурињо за „Скај Спортс“, отфрлајќи ги гласините дека притоа имал расправија со играчот за врска.

Португалскиот стручњак одлучи да му ја додели капитенската лента на Погба во отсуство на Антонио Валенсија за смирување на страстите кои постоеја на релација менаџер-игррач, но како што стојат работите по ново, Французинот нема да ја облече истата до крајот на сезоната откако Мурињо ја ревидираше својата одлука.

Facebook Коментари