Поврзете се со нас

Италија

Мурињо по првиот пораз: Морам да сфатам што се случи

Објавено

на

Екипата на Рома не успеа да ја продолжи серијата на позитивни резултати и загуби кај Верона со 3-2 во рамките на 4. коло во Серија А.

Ова за „волчицата“ беше прв пораз во оваа кампања во сите конкуренции, односно прв неуспех за Жозе Мурињо на новата функција. Мурињо не е изненаден од тоа што противникот го прикажа под водство на новиот тренер Игор Тудор, но во исто време порача дека ќе мора да направи детална анализа за да сфати што се случи на теренот на „Марк Антонио Бентегоди“.

-Знаев дека Верона има многу квалитет и дека е тешко да се игра против нив, особено по смената на тренерот кога обично има психолошка реакција, тоа е она што денска го видовме. Стилот на Тудор е сличен на оној на кој играше Верона минатата сезона под водство на Иван Јуриќ, па затоа не беше тешко за играчите да се прилагодат на него.

-Вложивме напор, не можам да се жалам за тоа, но загубивме премногу индивидуални дуели. Верона имаше поголем интензитет. Сега ми требаат неколку часа пред снимкатата за да сфатам што се случи, -истакна „специјалниот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни