Балкан
Мурињо по потврдата дека странски судија ќе дели правда на дербито со Галатасарај: Правилна одлука

Жозе Мурињо не го криел задоволството од фактот што Турската фудбалска федерација решила да го исполни барањето на неговиот клуб Фенербахче, па понеделничкото дерби со Галатасарај ќе биде водено од странски судии.
Словенецот Славко Винчиќ кој е дел од елитната група судии на УЕФА е делегиран за долго очекуваното дерби во Истанбул, со што двете екипи ќе може максимално да се концентрираат на својот настап.
Изминатиот период Фенербахче и Мурињо имаа многу забелешки на судиите, обвинувајќи ги за двоен аршин во однос на одлуките кои се носат на натпреварите на Галатасарај, па ова ќе биде прво големо турско дерби со странски судии.
– Донесена е правилна одлука, тој е топ судија и тоа ќе влијае позитивно на кредибилитетот на дербито.
– Среќен сум поради одлуката, бидејќи фер плејот секогаш мора да биде приоритет. Двете екипи сакаат да победат и се надевам дека ќе испорачаме квалитетен натпревар, – рекол Мурињо.
Галатасарај го критикуваше потегот и ја опомена федерацијата дека прави непотребен преседан, но не успеа да го блокира ангажирањето на Винчиќ за дербито во понеделник.
Галата ќе биде домаќин на натпреварот кој се игра од 18 часот, а го дочекува со шест бодови предност во однос на Фенербахче.
-
Лига на нации19 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации20 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија14 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Репрезентација9 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации18 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Лига на нации19 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Репрезентација6 часа
ФФМ: Масев е разрешен, случајот го оставаме на органите на државата!