Поврзете се со нас

Италија

Мурињо по поразот од Лацио: Ова е пенал карактеристичен за модерниот фудбал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Четвртфиналната програмата во Копа Италија донесе римско дерби меѓу литите ривали Лацио и Рома, а во дуел со многу тензии и три црвени картони, на крајот се радуваа играчите во небесно сино.

Трите исклучувања пристигнаа во самата завршница кога целосно зовреа страстите на „Олимпико“, но моментот на одлука дојде на стартот на вториот дел кога искусниот Орсато покажа на белата точка.

Всушност, италијанскиот арбитар не го забележа дуелот меѓу Хујсен и Кастелјанос, но по асистенција на ВАР, ја прегледа ситуација и процени дека станува збор за најстрога казна.

Закањи беше прецизен реализатор на ударот од 11 метри, а според Жозе Мурињо, во време од пред десет години воопшто не би се зборувало за спорен момент во дадената ситуација.

– Денеска загубивме поради пенал кој е карактеристичен за модерниот фудбал. Станува збор за пенал кој не го суди судијата кој е на три метри, туку луѓето кои се во ВАР собата.

– Така им е наредено на судиите, да се однесуваат на ваков начин. Пред 20 или 30 години, ова никогаш немаше да биде пенал. Играчите не се фрлаа на ваков начин пред 20 или 30 години. Пеналот треба да биде најстрога казна за тој што го прави прекршокот. Орсато беше во право што не досуди пенал, но некој што гледа од позадина го викна за да ја промени одлуката. Денешните играчи прават шоу после минимален контакт со противникот, тоа не се случуваше во минатото, – изјави Мурињо.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни