Поврзете се со нас

Свет

Мурињо по драмата во Трабзон: Да ми ја кажеа целата приказна, немаше да дојдам во Турција!

Објавено

на

Foto:x.com/Fenerbahce

Жозе Мурињо се лизгаше на колена откако Софијан Амрабат постигна гол за победа на Фенербахче во 102-та минута, епилог кој направи да видиме едно малку подзаборавено лице на португалскиот стручњак од неговите помлади години.

Мурињо ја славеше како мало дете победата над Трабзонспор (2:3), а кога го напушташе теренот, еуфорично мавташе кон трибината и ликуваше со гестикулации кои јасно го искажуваа и неговото незадоволство.

Всушност, искусниот стручњак беше незадоволен од судиските одлуки кои се носеа на терен, но кои тој вели дека имаат позадинско сценарио од човекот кој го посочи како непријател на Фенербахче со име и презиме.

– Денеска на теренот имаше млад арбитар, но главен судија всушност беше Атила Караоглан. Човекот кој требаше да биде „невидлив“ во ВАР се истакна како човек на натпреварот. Го велам ова во име на сите навивачите на Фенербахче. Не сакаме повеќе тој да биде делегиран на наши натпревари. Не го сакаме тој судија, не го сакаме како судија на теренот, не го сакаме како судија во ВАР. Посебно не го сакаме како судија во ВАР.

– Пред да дојдам во Турција, луѓето во Фенербахче ми кажуваа нешто за борба против цел систем, но јас не верував во тоа. Сега се уверив дека е и полошо од тоа што ми го кажуваа. Играме против добри екипи во Турција, но и против цел систем, а тоа е потешко од било што. Играме против противниците, против ВАР и против цел систем. Затоа денеска славев така како што славев. Малку сум им лут на луѓето кои ме донесоа во Фенербахче. Ми кажаа само половина од приказната, да ми ја кажеа цела, немаше да дојдам во Турција.

– Јас сум дојден тука само за да работам, вие Турците треба да се изборите против ова и да зборите за вакви работи, – гласи изјавата на Мурињо по победата од 2:3.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни