Поврзете се со нас

Лига Европа

Мурињо по болниот пораз: Тоа е фудбалот…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/ASRomaEN

Жозе Мурињо беше доста мирен речиси цел натпервар против Салцбург, но кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши со најнепопуларните 0:0, следеше студен туш за гостите од Рим.

Австрискиот тим успеа да погоди во 88-та минута по голот со глава на Капалдо и Мурињо едноставно се „скамени“ на клупата за резерви, бидејќи сега задачата за Рома ќе биде многу потешка во бараж реваншот во Лигата на Европа.

Рома имаше неколку добри прилики на оваа средба да оствари подобар резултат, еднаш ја погоди и гредата, а според Жозе Мурињо, судијата не досудил и чист пенал во првиот дел.

– Во вакви ситуации се вели само едно: Тоа е фудбалот….. Во фудбалот мора да постигнете голови, а ние вечерва не го направивме тоа.

– Доминиравме на мечот, го имавме под контрола и бевме многу релаксирани. Пропуштивме неверојатни шанси, не ни досудија чист пенал во првиот дел. Дефинитивно немавме и среќа што судијата беше променет во последен момент со овој човек што денеска ја делеше правдата. Тоа што примивме гол на крајот беше тотална неправда, – изјави Мурињо, алудирајќи на тоа дека главниот судија беше променет во последен момент поради болест на Глен Ниберг од Шведска (го замени Денис Хиглер од Данска).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни