Поврзете се со нас

Свет

Мурињо пикирал фудбалер на Барселона

Објавено

на

foto: x.com/Fenerbahce

Барселона и натаму не успева да повлече посакувани конкретни потези во актуелниот преоден рок, а покрај желбата за неколку засилувања, раководството треба да реализира и продажби за да ја исконтролира финансиската ситуација.

На списокот фудбалери кои можат да заминат се Рафиња, Феран Торес и Витор Роке, но барем засега нема конкретни преговори и продажба на некој од овие играчи, па медиумите шпекулираат дека може да се случи изненадување и Барселона да ја напушти Илкај Гундоган.

Иако германскиот репрезентативец одигра само една сезона за шпанскиот великан, за Гундоган се интересираат повеќе клубови од богатите азиски земји, но последниов период и Фенербахче на Жозе Мурињо.

Португалецот го пикирал Гундоган како идеално засилување за средниот ред на турскиот клуб, па наводно Фенер ќе испрати и официјална понуда до играчот и неговиот клуб.

Барселона може да биде предизвикана од опцијата бидејќи Гундоган има договор до следното лето, но барем засега нема сериозни индикации дека фудбалерот инсистира на заминување, посебно што нов тренер му е поранешниот германски селектор, Ханси Флик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни