Поврзете се со нас

Лига Европа

Мурињо „паркираше автобус“, Рома се одбрани во Шпанија (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ASRomaEN

Жозе Мурињо истакна дека ќе се радува на победата од 2:0 над Реал Сосиедад откако ќе оствари поволен резутлат во Шпанија, а тоа се случи оваа вечер и Рома патува во четвртфиналето во Лигата на Европа.

Освојувачот на Конференциската лига останува во игра за трофеј во Европа и оваа сезона, бидејќи тимот од италијанската престолнина успеа да се одбрани во Баскија и направи резултатот од првиот меч да има огромно значење.

Иако гостите тоа го направија на доста непопуларен начин, за Мурињо отсекогаш гласело правилото дека „целта ги оправдува средствата“, па така беше и вечерва.

Во меч во кој Рома не испрати ниту еден директен шут кон голот, Мурињо „паркираше автобус“ и го одбрани водството од „Олимпико“, па целосната офанзива и доминација на Реал Сосиедад пропадна во вода и немаше никаков ефект.

Сите статистички показатели укажуваат на тоа дека Мурињо се одлучи за ултра-дефанзивна тактика, но уште отсега познато е дека на Португалецот воопшто нема да му биде грижа за тоа во ситуација кога тимот се најде меѓу осумте најдобри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни