Поврзете се со нас

Конференциска лига

Мурињо: Ова беше како да играме плеј-оф за ЛШ

Објавено

на

Екипата на Рома славеше над Трабзонспор со 2-1 во првиот меч од плејофот за Конференциската лига на УЕФА, а ова воедно значеше дека Жозе Мурињо има победнички старт на својата епизода на кормилото на римската волчица.

Пелегрини и новото засилување Шомуродов беа стрелци на погодоците за славје на калчолигашот во Турција, резултат од кој задоволен беше и Мурињо кој многу добро знае дека сега неговата екипа е многу блиску до остварување на целта.

-Ова не беше противник на ниво на Конференциската лига, беше повеќе како плејоф за Лигата на шампионите. Не беше лесно, тие имаат многу искусни играчи. Навивачите исто така ја одиграа својата улога, создадоа одлична атмосфера. Ама не ни очекував дека ќе биде лесно, ако некој така мислеше тогаш многу погрешил.

-Екипата беше избалансирана и цврста. Се уште не сме физички најподготвени, но ми се допадна начинот на кој игравме. Ќе имав позитивно мислење дури и ако не успееме да победиме, -истакна трофејниот португалски стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни