Поврзете се со нас

Европски првенства

Мурињо отпиша една велесила од битка за титулата на ЕП: Има недостиг на талент!

Објавено

на

Foto:x.com/Fenerbahce

Жозе Мурињо смета дека неговата Португалија е во топ три кандидат за титулата на Европското првенство, Германија и Шпанија ги посочи како фаворити од втор план, но исто така смета дека Италија како голема фудбалска велесила нема шанси да го одбрани тронот.

„Аѕурите“ победија на последното Европско првенство и како актуелни шампиони ќе почнат со одбрана на трофејот, но искусниот португалски стручњак не верува во оваа генерација која ја води Лучано Спалети.

– Многумина мислат како мене. Португалија, Англија и Франција се главни фаворити, зад нив се Германија и Шпанија.

– Италија? Не верувам во нив, оваа генерација не е доволно талентирана. Има недостиг на талент во овој тим на Италија. Победија последниот пат, но не верувам дека повторно ќе го направат тоа, – вели Мурињо.

Инаку, Португалија на домашен терен загуби од Хрватска на својот последен тест пред Европското првенство, па интересно е тоа што Мурињо во ниту еден момент не го спомена тимот на Златко Далиќ како фаворит за највисок дострел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни