Поврзете се со нас

Англија

Мурињо откри што му порачал на Солскјер по дербито: Разочаран сум од него!

Објавено

на

Новата пресметка меѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед одново ни донесе победа на гостински тим, па ако во првиот дел од сезоната тимот на Жозе Мурињо ги декласираше „ѓаволите“ на „Олд Трафорд“ со 1:6, вчера составот на Солскјер беше оној кој славеше како гостин во Лондон со 1:3.

Манчестер Јунајтед успеа да направи пресврт и сите три гола ги постигна во вторите 45 минути, иако постигна и еден погодок во првиот дел кој беше поништен во едни крајно чудни и несекојдневни околности. Кавани стрелаше за 0:1, но погодокот беше поништен од ВАР системот поради контактот кој го имаа МекТоминеј и Сон во почетокот на акцијата.

Солскјер беше навистина бурен и дрзок по победата од 1:3 и го нападна напаѓачот на Тотенхем како ниту еден друг противник досега, па оваа негова изјава предизвика реакции во подоцнежниот прес кој го одржа Жозе.

– Шокиран сум дека тоа е прекршок, ако тоа беше мојот син и лежеше на земја чекајќи да го подигнат другарите, дома сигурно немаше да добие јадење. Таквото однесување е срамно, – порача Солскјер за Кореецот Сон, по што следеше одговор од Мурињо.

– Седам тука и изненаден сум шпо не ме прашувате за коментарите на Оле за Сони. Му кажав на Оле што мислам за тоа што го изјави, го видов пред неколку минути. Нема да му дадел вечера на својот син за таков потег? Ќе кажам само дека Сони е среќна личност што има татко што е подобра личност од Оле. Еден татко секогаш се грижи да го нахрани своето дете, без оглед на тоа што направиле. Ако треба да украдете, ќе го направите и тоа за да го нахраните детето. Навистина сум многу, многу разочаран од коментарите на Оле. Веќе му кажав на Оле што мислам за неговите коментари и му го кажав тоа лично. Уште повеќе сум разочаран што вие ја игнориравте оваа тема после поставени шест или седум прашања, – порача Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни