Поврзете се со нас

Англија

Мурињо откри што им порачал на Лорис и Сон на полувремето

Објавено

на

Тотенхем го победи Евертон со минимални 1:0 со автоголот кој си го даде Кин, но за време на мечот и по крајот на истиот, никој не зборуваше за водството и триумфот на домашниот тим, од едноставна причина што сите беа насочени кон несекојдневниот инцидент на полувремето.

Во ситуација кога играчите се упатуваа кон тунелот, фудбалерите на Тотенхем спречија директна физичка пресметка меѓу Иго Лорис и Хеунг Мин Сон и не дозволија посериозен инцидент, но фактот што инцидентот беше уловен од камерите беше доволно да станат топ тема во Англија.

Самиот Лорис по крајот на средбата ја откри главната причина поради која го нападнал Сон, а со своја изјава излезе и Жозе Мурињо кој порача дека уживал да ја гледа тензијата меѓу своите двајца играчи.

– За мене инцидентот беше прекрасен. Ова сигурно беше последица на средбата која ја имавме пред неколку дена. Јас бев навистина критички настроен кон моите момци, бидејќи според мое мислење, тие не се доволно критични еден кон друг. Побарав да имаат поголеми меѓусебни барања еден од друг, барам да ги ставаат колегите под притисок кога не го даваат најдоброто.

– Тоа беше ситуација во која дете како Сони кое сите го сакаат беше ставен под притисок од капитенот, тој почувствува дека нешто не е во ред. Со вакви работи расте тимот, ако сакате да растете, мора да имате големи барања од своите соиграчи. На полувремето им кажав дека со оваа нивна реакција, ми ги отстранија сите сомнежи дека ќе се држат еден до друг во вториот дел и дека ќе бидат уште посилни, – откри Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни