Мурињо откри кој противник го посакува за Јунајтед и кој пар не сака да го види во четвртфиналето на ЛШ

murinjo-2

Жозе Мурињо ги користи моментите додека е без ангажман за да ги сподели своите размислувања за фудбалските актуелности, а во последната изјава потенцираше каква ждрепка за Лигата на шампионите посакува во текот на утрешниот ден.

Според Мурињо, најдобро е Англија да има два сигурни полуфиналисти, а тој не би сакал соочување на Јувентус и Барселона во оваа фаза.

– Би сакал англиските клубови да играат меѓу себе, без некои посебни желби. На пример Јунајтед против Сити и Ливерпул против Тотенхем, тоа би биле навистина одлични натпревари, но исто така тоа ќе значи и два сигурни полуфиналисти за Англија.

– Не посакувам Јувентус и Барселона да играат уште во четвртфиналето, бидејќи мислам дека овој дуел би бил спектакуларен во полуфиналето или финалето. Тоа се два тима кои последните години немаа успех во ЛШ, ова посебно важи за Јувентус. И секако, дуелот меѓу Роналдо и Меси е нешто што не би го „трошел“ во четвртфинале, би го оставил за понатаму, – потенцирал Мурињо.

Facebook Коментари