Поврзете се со нас

Италија

Мурињо откри кога донел одлука да си замине од Интер и потпише за Реал

Објавено

на

Денеска се навршуваат десет години од европската титула на Интер кога нашиот Горан Пандев и компанија успеаа да го добијат Баерн Минхен и го кренат пехарот на „Сантијаго Бернабеу“.

Творец на тој успех дефинитивно беше Жозе Мурињо кој по повод јубилејот направи една поопширно интервју за „Газета Дело Спорт“ каде зборуваше искрено за овој успех, но и воедно обелодени кога знаел дека си заминува од калчолигашот од Милано.

Тоа е по вториот полуфинален меч против Барселона на „Камп Ноу“ на кој „нероаѕурите“ долго време играа со 10 играчи, загубија со 1-0, ама тој резултат беше доволен за пласман во финалето кое потоа и го добија.

-Ако по финалето се вратев во Милано и навивачите го пееја моето име, можеби и немаше да си заминам од Интер. Се уште намав потпишано за Реал Мадрид. Некои велат дека делегација на Реал дошла во хотелот пред нашиот финален меч, тоа се глупости. Сакав да одам во Реал. Тие ме бараа една година претходно, доставија понуда до претседателот Морати, ама тој ме убеди да останам.

-Веќе му кажав „НЕ“ на Реал додека бев во Челси, не можете да му кажете „НЕ“ на овој клуп по третпат. Донесов одлука да заминам по вториот полуфинален натпревар со Барселона затоа што знав оти ќе ја освоиме ЛШ.

-Морати веќе знаеше, зборови не беа потребни. Тој знаеше поради начинот на кој се гушнавме на теренот по последниот судиски свиреж во Мадрид. Морати ми рече „после ова, имаш право да си заминеш“. Имав право да го правам она што го сакав, но да бидам среќен. Всушност, јас бев посреќен во Милано отколку што бев во Мадрид, -истакна Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни