Поврзете се со нас

Италија

Мурињо откри какви зборови си размениле со Сари по крајот на дербито

Објавено

на

Foto:twitter.com/ASRomaEN

Жозе Мурињо ја оствари зацртаната цел и неговата Рома освои бод во римското дерби против Лацио, а крајот од мечот ни донесе и сцена која доста беше очекувана од јавноста.

И покрај „отровните стрели“ кои си ги испратија во најавите за дербито, Маурицио Сари и Мурињо се однесуваа навистина многу пријателски кога се соочија крај теренот, па покрај срдечниот поздрав на почетокот, на крајот се задржаа малку подолго и си разменија неколку зборови.

Португалецот објасни дека провокативните изјави се стандареден дел од најавите за еден важен натпревар, но не пропушти да нагласи дека многу му се допаѓа Сари и дека секогаш минува добро време со него.

– Сари секогаш е добро расположен за шеги со мене. Пред мечот се шегувавме за зборовите кои си ги разменивме во текот на неделата. Се сеќавам дека кажав и нешто што е чиста вистина, ние навистина си се допаѓаме.

– По крајот на мечот си кажавме дека ремито ни дава мир во наредните две недели. Никој нема да се смее, но никој нема ни да плаче. Ремито има такво значење на ова дерби, – изјави Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни