Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мурињо огорчен на шпанскиот судија по елиминацијата од ЛШ: Подобро да не кажам што мислам (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Fenerbahce_EN

Жозе Мурињо си подготви алиби за реванш натпрварот со Лил во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, но начинот на кој беше елиминиран во оваа фаза беше навистина болен за Португалецот.

Фенербахче постигна гол за продолженија во самата завршница и дочека црвен картон за Лил, но кога се чинеше дека тоа ќе биде голема предност за Турците, испадна дека Французите се тие кои профитираа од таквата поставност на теренот.

Лил израмни на 1:1 со удар од белата точка и се пласираше во завршното бараж коло во Лигата на шампиони, а Мурињо беше огорчен од арбитражата на шпанскиот судија Санчес Мартинез.

– Подобро да не кажам што мислам, подобро да не зборувам за пеналот. Кога ќе видам какви инциденти се случија против мене во последно време, губам желба да зборувам.

– Само судијата знае зошто досуди пенал, само тој и луѓето во ВАР собата. Јас сум горд на мојот тим, а го респектирам и противникот. Тие победија користејќи свои оружја, но тоа го дозволи судијата, – изјави Мурињо.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни