Мурињо одговори на шпекулациите и посочи во кој клуб се гледа во иднина

zoze

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо со Манчестер Јунајтед е пред тежок предизвик и меч со Јувентус во Лигата на шампионите, но пред таа средба која е закажана за утре на „Олд Трафорд“ тој испрати одговор и порака во однос на последните шпекулации кои се појавија во јавноста.

Имено неговото име се поврза со Реал Мадрид, клубот кој резултаски се мачи во оваа натпреварувачка сезона. Мурињо доби директно прашање за тоа дали има вистина, поточно дали би се вратил на „Сантијаго Бернабеу“, а неговиот одговор беше следен:

-Не. Мојата иднина е овде-имам договор со Јунајтед и до крајот на договорот ќе размислувам само за Јунајтед. Би сакал да останам и по истекот на договорот, -рече Жозе које обврзан со премиерлигашот до 2020 година со опција истиот да може да биде продолжен за уште една сезона.

Facebook Коментари