Поврзете се со нас

Балкан

Мурињо одговори на провокациите на Икарди: Не коментирам изјави на „најдобриот на сите времиња“

Објавено

на

foto: x.com/Fenerbahce

Прес-конференциите на Жозе Мурињо во Турција постојано го привлекуваат вниманието на јавноста, а актуелниот тренер на Фенербахче овојпат морал да ги искоментира провокативните изјави од страна на Мауро Икарди.

Напаѓачот на Галатасарај го нарече Мурињо „плачкото“, како пародија на неговата изјава од минатото дека е „специјалниот“, а Португалецот денеска одговорил во свој стил.

– Реков дека сум „специјален“, а не „специјалниот“, а тоа го базирам на 25-годишната кариера во која освоив 26 трофеи.

– Не постои еден натпревар кој ја дефинира мојата кариера, мојата кариера е кариера од 25 години.

– Во однос на коментарите на Икарди, тој е GOAT (најдобар на сите времиња), па одбивам да коментирам изјави на еден таков фудбалер, – рекол Мурињо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни