Поврзете се со нас

Балкан

Мурињо одговори дали во Фенербахче ќе носи играчи од Рома

Објавено

на

Жозе Мурињо по подолго време нема да биде тренер во топ пет лигите во Европа, но ќе има интересен предизвик и тоа во редовите на турскиот великан.

Тој кажа „ДА“ за понудата од составот од Истанбул и со тоа ги крена на нозе сите навивачи на Фенер кои од него очекуваат успеси, титули.

Откако стана јасно дека тој го презема турскиот тим веднаш се појавија информации за можни засилувања, а меѓу нив беа и неколку играчи од Рома како Пауло Дибала, Ромелу Лукаку… со кои соработуваше во текот на сезонава.

-Не разговарав со никого за трансфери. Сакав да го видам проектот и стабилноста. Не зборувавме за имиња туку за профили. Никогаш не зборувавме за имиња.

-Да бидам попрецизен, не спомнав играчи од клубовите со кои работев во минатото. Не спонав ниту еден играч од Рома. Она што треба да го направиме сега е мирно да си ја вршиме работата, -порача Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни