Поврзете се со нас

Италија

Мурињо: Очекувањата на фановите на Рома се големи затоа што јас сум Хари Потер

Објавено

на

foto: https://twitter.com/ASRomaEN

Жозе Мурињо ја подготвува Рома за дербито со Милан во Серија А, а тешкиот предизвик доаѓа по поразот од Лацио во Купот, по кој според италијанските медиуми и позицијата на Португалецот кај раководството и фановит е сериозно променета.

Искусниот тренер повторно ги забавувал новинарите со своите изјави, потенцирајќи дека Рома има премногу проблеми со ростерот за некој да ги критикува резултатите.

Мурињо заработи критики бидејќи заработи исклучување и на последниот дуел со Аталанта, па сега нема да биде на клупата на „Сан Сиро“.

– Фановите на Рома се најдобрите кои сум ги видел. Нивен тренер е Жозе „Хари Потер“ Мурињо и тоа автоматски ги зголемува нивните очекувања.

– Деновиве прочитав многу критики, но никој не може да го спори мојот професионализам. Тука сум две години и пет месеци и сум единствениот кој не пропуштил ниту еден тренинг. За мене не постои болест или лошо расположение, за целиот период не сум направил ниту еден исклучок во извршувањето на обврските.

– Нема да дозволам некој да зборува на оваа тема, затоа што го оставам срцето во клубот во кој работам. Не сум пропуштил ниту еден натпревар во 20-те години во кои работам како тренер, – истакнал Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни