Поврзете се со нас

Светски првенства

Мурињо објасни зошто победата на Јапонија не е изненадување: Работев со азиски играчи…

Објавено

на

Јапонија вчера го шокираше фудбалскиот свет со триумфот над Германија од 2-1, победа која беше остварена со пресврт во второто полувреме.

Доан и Асано донесоа големо славје, па сега популарните „самураи“ се и тоа како блиску до пласман во нокаут фазата. Иако за многумина ова беше сензационален резултат, предводникот на Рома, Жозе Мурињо не го дели тоа мислење иако признава дека не го гледал натпреварот.

-Не го видов натпреварот, бев во кревет, телевизорот беше вклучен, но заспав, бев уништен. Честитки за Јапонија, но тоа не е толку големо изненадување, тие се добар тим кој расте.

-Во Европа се фокусираме на индивидуалноста. Тренирав азиски играчи и имам среќа затоа што ги тренирав најдобрите, тие имаат вистински менталитет, затоа мислам дека вчера не беше толку големо изненадување, -порача еден од најдобрите фудбалски стручњаци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни