Поврзете се со нас

Англија

Мурињо: Не објавувам ништо на Инстаграм затоа што ќе речат дека се фалам

Објавено

на

blank

Жозе Мурињо може да биде презадоволен од победата на неговиот Тотенхем во дербито со Манчестер Сити, а така расположен традиционално има и интересни прес-конференции.

Португалецот овој пат бил скромен и не сакал да се фали со џокерот Ло Селсо, а најави и дека нема постави фотографија на Инстаграм.

– Замената на Ло Селсо беше оној момент кога луѓето знаат да кажат „ е тоа е добар тренер“. Но, тоа се случува, јас едноставно сакав да го заменам Ендомбеле кој беше многу уморен затоа што имаше тешка работа на теренот.

– Вечерва нема да постирам на Инстаграм, затоа што луѓето ќе речат, ете го победи Манчестер Сити и сега се фали. Нема да има објава за овој натпревар, – изјавил Мурињо.

Ло Селсо го постигна вториот гол во победата од 2:0 и тоа кратко откако влезе во игра, а Мурињо во меѓувреме стана инфлуенсер бидејќи неговиот Инстаграм профил ужива голема популарност меѓу фудбалските фанови.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни