Италија
Мурињо: Не чувствувам поврзаност само со еден поранешен клуб

Жозе Мурињо ја подготвува Рома за завршните натпревари сезонава, а најважен дуел за „волчицата“ сега е финалето на Лига Европа и пресметката со Севилја во Будимпешта.
Португалецот денеска зборувал пред медиумите на разни теми, а го опфатил и своето минато, односно соработката со голем број елитни европски клубови. Потенцирал дека останал фан на сите клубови во кои работел, а поврзаност не чувствува само за еден премиерлигашки клуб.
– Се надевам дека навивачите нема да ми ги протолкуваат зборовите погрешно, но единствен поранешен клуб со кој не чувствувам блискост е Тотенхем.
– Веројатно е така затоа што стадионот беше празен поради пандемијата или можеби поради тоа што претседателот Леви не ми дозволи да го водам тимот во финале и да освојам трофеј.
– Со сите останати клубови, Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед останувам со специјална конекција. Тоа е затоа што луѓето не се глупави, тие знаат дека се борам за клубот во кој работам, навивачите знаат дека работам секојдневно за доброто на тимот во кој сум, – рекол Мурињо.
-
Германијапред 22 часа
Кан доживеал брутално понижување од Баерн: Ова е најлош ден во мојот живот!
-
Шпанијапред 22 часа
Родриго претрча 70 метри и постигна неверојатен гол во Севилја (Видео)
-
Францијапред 21 час
Голот на Меси доволен за историја и нова шампионска титула на ПСЖ (Видео)
-
Македонијапред 23 часа
Тиквеш приреди шпалир за новиот шампион, во Битола се крена трофејот после 18 години (Фото)
-
Англијапред 21 час
Капитенот на Лутон колабираше на теренот, па ја прослави промоцијата во Премиер лига од болнички кревет (Фото)
-
Шпанијапред 6 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Англијапред 9 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Македонијапред 21 час
ТЦР Европа: Давидовски до четвртото место во првата трка