Поврзете се со нас

Свет

Мурињо настрада на тренинг на Фенербахче, па испрати порака до помладите колеги (Видео)

Објавено

на

foto: x.com/Fenerbahce

Жозе Мурињо денеска е актуелен во медиумите поради една бизарна ситуација на тренингот на Фенербахче, каде токму тој настрада од еден од своите фудбалери.

Португалецот го следеше надигрувањето меѓу двата поделени тима во тренинг центарот на Фенер, кога еден од играчите на турскиот клуб го оттурна својот тренер, а Мурињо заврши на тревата.

Лекарскиот тим нормално реагираше панично, но Португалецот за среќа помина без повреда и можеше да им се врати на своите обврски.

Нешто подоцна, самиот Мурињо го објави видеото со порака до помладите колеги.

– Порака до младите тренери, никогаш не носите исти бои како играчите. Можат да ви додадат топка или да ве удрат од зад грб, – напишал Мурињо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни