Поврзете се со нас

Англија

Мурињо „намирисал“ шанса за враќање во Премиер лигата

Објавено

на

foto: x.com/Fenerbahce

Жозе Мурињо е подготвен за враќање во Премиер лигата и според англиските медиуми, веќе е решен да го преземе Њукасл во ситуација кога актуелниот менаџер Еди Хау би ја напуштил таа функција.

Португалецот кој во моментов го води Фенербахче веќе си создаде проблеми во Турција со последните изјави, па нема да биде изненадување ако го напушти Истанбул за да се врати во најпрестижната европска лига во моментов.

Мурињо заработи суспензија од Турската фудбалска федерација поради коментарите на сметка на лигата, а тамошната јавност нема многу симпатии кон ставовите на Португалецот кој испорача критики за турскиот фудбал и начинот на кој се поставени работите во системот.

Од друга страна, Хау е под притисок во Њукасл, неговиот клуб посакува место во Лигата на шампионите и може да се реши за менаџерска промена доколку „црно-белите“ останат во слична позиција.

„Гардијан“ тврди дека Мурињо одржува контакт со претставници на сопствениците од Саудиска Арабија, па нема да биде изненадување ако биде избран да го враќа Њукасл на посакуваното место на табелата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни