Поврзете се со нас

Англија

Мурињо му испрати искрен совет на Клоп: Водиш загубена битка, јас сум тука од 2004. година!

Објавено

на

Јирген Клоп не може да се помири со третманот кој го добиваат сите фудбалери во Премиер лигата во ова комплицирано време со пандемија, уште повеќе кога на програмата се играат натревари на секои три дена.

Предводникот на Ливерпул е разочаран од комплетниот брутален распоред, но особено од менаџерирањето на термините од страна на водечките луѓе во Премиер лигата во корелација со водечките телевизии кои ги поседуваат правата за натпреварите во англиската елита.

Со ова темпо, Клоп предвиде дека едвај ќе има 11 здрави играчи на крајот од сезоната, а вчера по поразот од Аталанта во Лигата на шампионите испрати нов циничен коментар откако неговиот Ливерпул ќе игра во сабота попладне во 12:30 часот по англиско време.

– Вие од „БиТи Спорт“ сте мои специјални пријатели и вие побаравте да играме во сабота во 12:30 часот што е криминал, ако бидеме искрени. Тоа нема никаква врска со вечерашниот натпревар, но ви честитам што го реализиравте, – порача иронично Клоп, кој сега доби една порака и од Жозе Мурињо.

– Клоп пристигна тука во 2015-та година, а јас пристигнав во Англија во 2004-та година. Она што го знае тој од 2015-та, јас го знам од 2004-та година и ништо не е променето. Мора само да се прилагодиме и да се обидеме да се помириме, ова е загубена битка, – му порача Жозе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни