Италија
Мурињо му честита титула на Наполи: Никој не може да ги уплаши, Скудетото е нивно!

Рома утре му гостува на Наполи во вечерното дерби (20:45 часот) во Серија А, пресметка пред која свое шоу имаше предводникот на „волчицата“, Жозе Мурињо.
Познато е дека наполитанците се далеку пред сите во актуелнава кампања, ама има уште многу да се игра, цела полусезона, но според Мурињо прашањето за Скудетото е решено уште од сега или поточно според него истото сигурно ќе заврши во рацете на Елиф Елмас и компанија.
-Јас велам дека Наполи веќе го освои Скудето, заслужено, па јас им честитам. Тие се одличен тим со одличен тренер, имаа предност од 12 поени и никој не може да ги исплаши. Скудето е нивно.
-Ако ме прашувате дали Рома ќе се тргне од нивниот пат, јас велам не, ние одиме таму за да се обидеме да добиеме резултат, но тоа не го менува фактот дека тие веќе го освоија Скудето, -порача Жозе кој е познат по тоа што знае да игра со зборови, па се обидува на некој начин да го омекне лидерот пред мечот на „Диего Армандо Марадона“.
-
Македонијапред 9 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 7 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 20 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 18 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 17 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 16 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 19 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 21 час
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……