Поврзете се со нас

Италија

Мурињо може да добие отказ од Рома, легенда на клубот е кандидат за негова замена

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома доживеа пораз од Милан од 3-1 на вчерашното дерби во Серија А, резултат со кој дополнително се зголеми притисокот кон тренерот Жозе Мурињо.

„Воллицата“ пред само неколку дена беше елиминирана од Лацио во Купот на Италија, па овие два негативни резултати како и турбуленциите во текот на оваа сезона прават Мурињо да биде на излезни врати од „Олимпико“.

„Спортмедијасет“ информора дека сопствените на клубот не се задоволни со настапите, резултати, но и од однесувањето, изјавите на Португалецот кога се во прашање судиите, па сето ова како пакет може да му пресуди на стратегот кој има договор до месец јуни.

Според истиот извор главен кандидатм фаворит за испразнетото место би бил легендата на Рома, Даниеле Де Роси. Де Роси би бил актиевн до крајот на сезоната, поточно би добил шанса да се покаже и потврди дека лошата епизода во СПАЛ била само сплет на околности.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни