Мурињо со конкретна санкција за Погба по последниот „напад“ на Французинот

joze-pogba-brajton

Конфликтот меѓу Жозе Мурињо и Пол Погба е реален и менаџерот на Манчестер Јунајтед денеска му соопштил важна вест на Французинот, пренесува „Би-Би-Си“.

Незадоволен од однесувањето на Погба, Мурињо денеска му соопштил на Французинот дека никогаш повторно нема да биде капитен на Јунајтед, а одлуката е донесена во пресрет на дуелот од Лига купот против Дерби.

Мурињо ја истакна грешката на Погба во ремито против Вулверхемптон, по што фудбалерот му возврати со изјава дека Јунајтед не игра доволно офанзивно, а денеска Французинот се обиде преку твит во кој обвини за драматизирање да ја смири ситуацијата. Сепак, ретерирањето на Погба се чини е задоцнето, па Мурињо со последната одлука сакал да го покаже својот авторитет во соблекувалната и да му испрати последно предупредување на големата ѕвезда.

Facebook Коментари